Дописници МКДОпштински вести

Тресончани му го честитаа изборот за викарен епископ на Архимандрит Партениј

По неговиот избор за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија до високопреподбниот архимандрит Партениј и понатаму пристигнуваат честитки, со желби да продолжи во неговата благородна мисија.

Дебар, 24 мај 2020 (МИА) – По неговиот избор за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија до
високопреподбниот архимандрит Партениј и понатаму пристигнуваат честитки, со желби да продолжи во неговата благородна мисија.

Честитка упати и раководството на Здружението на граѓани „Брзовец“ од село Тресонче, во име на жителите по потекло од едно од неколкуте преубави села во подрачјето на Мала Река.

Во честитката се посочува дека Тресончани, како врпочем сите Мијаци, со векови биле и се уште се нераскинлово позрзани со нивната духовна ризница-Бигорскиот манастир и братството.

-Вашето назначување е конечна правда. Нашата поврзаност и соработка допрва ќе се проширува и продлабочува, посебно во грижата и заживувањето на на нашите цркви „Св. Петар и Павле“ и „Св. Никола“, како и заедничкото славење на името и делата на големиот умертник, Тресончанец и Мијак, Димитар Крстев-Дичо зограф, кој со своите дела во Бигорскиот манастир и целиот наш крај остави огромно наследство и придонес во нашиот севкупен опстанок на просторот наречен Мијачија, се додава во честитката.

Во неа се нагласува дека Тресончани, како во минатото, така и во иднина, ќе продолжат да се грижат за традицијата од предците за негување на меѓусебната поддршка со Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“.

На седницата на Светиот архиерејски синод, на 21 мај, игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“, високопреподобниот архимандрит Партениј, беше едногласно избран за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Наречението (објавување на веста пред верниците) за отец Партениј е закажано за 11 јули во Бигорскиот манастир, а на 12 јули на празникот на светите апостоли Петар и Павле ќе се одржи хиротонијата во храмот „Света Софија“ во Охрид. вт/рп/

Back to top button
Close
Close