0_Спорт.ПорталКошарка

Треј Томпкинс, кошаркар на Реал Мадрид, заразен со новиот коронавирус

Треј Томпкинс (29) е заразениот кошаркар на Реал Мадрид со Ковид-19. Шпанските медиуми во текот на денот ја објавија веста за присуство на коронавирус во кошаркарската секција на „кралевите“, а сега е откриено и за кого станува збор.

Мадрид, 12 март 2020 (МИА) – Треј Томпкинс (29) е заразениот кошаркар на Реал Мадрид со Ковид-19. Шпанските медиуми во текот на денот ја објавија веста за присуство на коронавирус во кошаркарската секција на „кралевите“, а сега е откриено и за кого станува збор.

Томпкинс е член на Реал Мадрид од 2015 година и оттогаш со „кралскиот клуб“ ги освојуваше титулите во Евролигата и во шампионатот на Шпанија. Игра на позицијата крилен центар, а кариерата ја започна во Лос Анџелес клиперс, кој го избра како 37 пик на драфтот во НБА-лигата во 2011 година. сѓд/ссм/

Back to top button
Close
Close