Svet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп: Зборувам вистина секогаш кога можам

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека се труди да зборува вистина секогаш кога може и покрај тоа како го претставуваат медиумите

Вашингтон, 2 ноември 2018 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека се труди да зборува вистина секогаш кога може и покрај тоа како го претставуваат медиумите.

– Се трудам. Сакам секогаш да ја кажам вистината. Кога можам, зборувам вистина, изјави Трамп за Еј-Би-Си.

Трамп е често изложен на критики на американски медиуми и противници дека лаже или извртува вистина во врска со одделни работи.

– Понекогаш се случува нешто поинакво да се случило или променило. Но, секогаш сакам да ја зборувам вистината, рече Трамп. Политифакт, агенција на непрофитниот Институт на Појнтер на 11 странички објави лажни изјави на американскиот претседател. ир/зш/

Таг
Back to top button
Close
Close