0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Трамп за смртта на Коби: Ова е ужасна вест

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја нарече страшна вест, информацијата за смртта на петкратниот шампион во НБА, Коби Брајант.

Вашингтон, 26 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп ја нарече страшна вест, информацијата за смртта на петкратниот шампион во НБА, Коби Брајант.

– Објавено е дека големиот кошаркар Коби Брајант и тројца други загинаа во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Ова е ужасна вест, напиша Трамп на својот профил на Твитер.

Брајант почина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Тој полета со неговиот приватен хеликоптер заедно со уште тројца патници, од кои едната беше неговата ќерка Џиана и пилотот. Ниту еден од патниците не ја преживеа несреќата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close