Svet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп верува дека САД наскоро ќе се здобијат со вакцина за Ковид-19

Тој на состанокот во Белата куќа оцени дека има добри изгледи за три можни вакцини досега, но не даде детали.

Вашингтон, 2 јули 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам денеска дека САД наскоро ќе добијат ефикасна вакцина против коронавирусот.

Тој на состанокот во Белата куќа оцени дека има добри изгледи за три можни вакцини досега, но не даде детали.

– Сметаме дека ќе имаме вакцина наскоро, рече Трамп.

Рекорден број новозаразени со коронавирусот се регистрирани во САД – повеќе од 50.000 за еден ден.

Во Калифорнија, бројот на потврдени случаи е зголемен за речиси 50 проценти во изминатите две недели, а инфекцијата се шири брзо и во многу други американски држави, вклучувајќи ги Флорида, Аризона и Тексас. зш/

Back to top button
Close
Close