СветСвет.Портал

Трамп вчера не се „симнал“ од Твитер

Профилот на Твитер на американскиот претседател Доналд Трамп вчера „падна“ од преголема активност, додека комисијата за судска власт на Претставничкиот дом разгледуваше обвиненија за импичмент против него.

Вашингтон, 13 декември 2019 (МИА) – Профилот на Твитер на американскиот претседател Доналд Трамп вчера „падна“ од преголема активност, додека комисијата за судска власт на Претставничкиот дом разгледуваше обвиненија за импичмент против него.

До средината на попладнето тој имал објавено повеќе од 100 твитови или ретвитови, информира „Д Вик“ (The Week).

Пред крајот на денот и весникот „Вашингтон пост“ јави дека Трамп напишал повеќе твитови и ретвитови од секој друг ден, откако ја објави својата кандидатура за претседател во 2015 година.

Претходниот рекорд во твитеови на Трамп изнесуваше 105. „Вашингтон пост“ коментира дека Трамп напишал повеќе твитови и ретвтитувал, отколку поранешниот претседател Обама што напишал на профилот @POTUS од мај 2016 до јануари 2017 година. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close