Дописници СветСветСвет.Портал

Трамп: Вакцина против коронавирусот може да се појави пред изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека вакцината против коронавирус САД може да имаат уште пред ноемвриските избори.

Вашингтон, 6 август 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека вакцината против коронавирус САД може да имаат уште пред ноемвриските избори.

Одговарајќи на прашање кога ќе има вакцина, во радиоинтервју со конзервативецот Џералдо Ривера, Трамп изјави: „До крајот на годината, а може и уште порано“.

-До 3 ноември ? праша соговорникот, на што Трамп одговори дека „во некои случаи може и порано, но приближно некаде околу тој период“.

Ваквата прогноза е многу пооптимистичка од прогнозите на владините експерти за здравство кои се сомневаат дека вакцина може да има до крајот на оваа или до почетокот на 2021 година.

Во интервју за весникот Вашингтон пост, д-р Антони Фаучи, водечки експерт за инфекциски заболувања, неодамна изјави дека неговите предвидувања се вакцината да биде спремна за употреба следната година на пролет. кб/

Таг
Back to top button
Close
Close