Svet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп тврди дека ѕидот кон Мексико успешно запира мигранти и Ковид-19

- Тој го запре Ковид, тој запре се, рече Трамп во американската сојузна држава Аризона, каде има зголемување на бројот на заразени.

Jума, 24 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја посети границата меѓу САД и Мексико за да ја прослави изградбата на повеќе од 320 километри ѕид, надевајќи се дека тоа ќе ги потсети гласачите за напредокот што тој го постигна во неговите ветувања во кампањата пред претседателските избори во 2016 година.

Трамп оцени дека ѕидот, на некои места висок над 10 метри, не само што запрел илегалните мигранти, туку и коронавирусот.

– Тој го запре Ковид, тој запре се, рече Трамп во американската сојузна држава Аризона, каде има зголемување на бројот на заразени.

Нискиот одзив на митингот во Оклахома го зајакна неговиот фокус со посета на Аризона, која е исто така земја каде гласачите се неодлучни за изборите во 2020 година.

Со посета на границата, Трамп се обиде да ја смени темата и да претстави нешто за што верува дека ќе ја анимира својата база за претседателските избори во ноември.

– Нашата граница никогаш не била побезбедна, изјави Трамп за време на средбата со републиканскиот гувернер Даг Дуси и припадници на сојузната гранична патрола. зш/

Back to top button
Close
Close