Svet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп: Со маска изгледам како Осамениот ренџер

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој долго време одбиваше да носи маска во јавност го смени ставот истакнувајќи дека мисли оти маските се добри

Вашингтон, 2 јули 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп, кој долго време одбиваше да носи маска во јавност го смени ставот истакнувајќи дека мисли оти маските се добри.

Тој наведе дека носи црна маска, и покрај тоа што кога ќе ја стави, како што самиот тврди, како лик од стрипот и филмот „Осамен ренџер“, но оти тоа му се допаѓа.

– Се за маските, истакна Трамп, додавајќи дека кога би се нашол сред голема гужва би носел маска.

Осамениот ренџер е измислен лик од Дивиот Запад кој носи црна маска околу очи.

– Немам проблем со тоа (носење маска) и ако луѓето се чвствуваат добро со маска треба да се носи, истакна Трамп. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close