Svet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп се заканува со строги санкции кон Ирак

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Ирак со сериозни санкции во случај американските трупи да мора да ја напуштат земјата.

Вашингтон, 6 јануари (МИА)   – Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Ирак со сериозни санкции во случај американските трупи да мора да ја напуштат земјата.

– Ако тие бараат од нас да заминеме, ако не го сториме тоа на многу пријателска основа, ќе им наметнеме санкции какви никогаш досега не виделе, изјави Трамп, откако ирачкиот Парламент побара протерување на американските трупи.

Тој додаде дека санкциите наметнати на Иран ќе дејствуваат слабо во однос на санкциите што би биле наметнати од страна на САД за Ирак.

Ирачкиот Парламент вчера одлучи да ги протера силите на меѓународната коалиција од земјата поради американскиот напад врз аеродромот во Багдад во кој загина иранскиот генерал Касим Сулејмани. зш/

Back to top button
Close
Close