СветСвет.Портал

Трамп се закани со мерки против демонстрантите на собирот во Тулси

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани денеска дека против демонстрантите кои ќе се појават на неговиот предизборен митинг претстојниов викенд во Тулси, во Оклахома, ќе бидат преземени мерки, кои не ги прецизираше.

Вашингтон, 19 јуни 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп се закани денеска дека против демонстрантите кои ќе се појават на неговиот предизборен митинг претстојниов викенд во Тулси, во Оклахома, ќе бидат преземени мерки, кои не ги прецизираше.

Тој истакна дека кон нив ќе се постапува многу поинаку, отколку што е тоа случај во другите градови.

– Било кои демонстранти, анархисти, агитатори, крадци или криминалци ако дојдете во Оклахома, ве молам да разберете дека кон вас нема да се постапува како во Њујорк, Сиетл или Минеаполис. Тоа ќе биде многу поинаква сцена, напишал Трамп на Твитер. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close