Дописници СветСветСвет.Портал

Трамп се надева на брза обнова на патувањата од Европа и Кина во САД

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изрази надеж дека патувањата од Кина и Европа во САД мошне бргу ќе се обноват.

Вашингтон, 12 март 2020 (МИА) – Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изрази надеж дека патувањата од Кина и Европа во САД мошне бргу ќе се обноват.

Тој додаде и дека не можел да се консултира со своите европски сојузници пред да ја објави забраната поврзана со новиот коронавирус затоа што била неопходна итна акција. Трамп ова го изјави на денешната средба со премиерот на Ирска, Лео Варадкaр.

Американскиот претседател синоќа воведе привремени мерки за ограничување на влезот во САД на лица од 26 европски земји, со исклучок на Велика Британија и Ирска, со намера да стави крај на ширењето на вирусот. кб/ссм/

Back to top button
Close
Close