Дописници СветСветСвет.Портал

Трамп сака личен настап на сесијата на ГС на ОН 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека сака лично да настапи со говор на годинешната сесија на Генералното собрание на ОН што се одржува во септември, иако многу светски лидери се очекува да не дојдат во Њујорк поради коронавирусот.

Вашингтон, 14 август 2020 (МИА) Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека сака лично да настапи со говор на годинешната сесија на Генералното собрание на ОН што се одржува во септември, иако многу светски лидери се очекува да не дојдат во Њујорк поради коронавирусот. 

-Мислам да отидам директно во ОН со говор. Многумина нема да можат да дојдат поради Ковид, изјави синоќа претседателот. 

-Сметам дека тоа подобро ја претставува земјата. Како претседател на САД, јас чувствувам до некаде обврска да присуствувам во ОН и да го кажам тој важен говор, изјави Трамп за новинарите.     

Додаде дека халата на ГС во Њујорк најверојатно ќе биде полупразна. 

-Нема да биде така како што беше порано. Ќе видиме што ќе се случи, изјави тој. 

Главниот дел на Генералното собрание, кога светските лидери настапуваат по ред, ќе се оддржи од 21 до 29 септември. Мнозинство од лидерите се очекува да настапат виртуелно или со видео обраќање. кб/ 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close