0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп: САД веќе ги воведоа новите санкции кон Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД веќе ги воведоа дополнителните санкции кон Иран, што вчера тој ги најави во говорот пред нацијата, во услови на ескалирање на тензиите со Техеран, јави ДПА.

Вашингтон, 9 јануари 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД веќе ги воведоа дополнителните санкции кон Иран, што вчера тој ги најави во говорот пред нацијата, во услови на ескалирање на тензиите со Техеран, јави ДПА.

„Веќе е готово, ние ги зголемивме санкциите“, кажа Трамп на настан во Белата куќа, без да дава други детали.

-Тие и досега беа многу сериозни, но сега значително се зголемија. Предмалку ги одобрив санкциите заедно со Министерството за финансии, кажа тој, додавајќи дека Белата куќа ќе даде дополнително соопштение, пренесе ДПА. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close