СветСвет.Портал

Трамп: САД имаат план за новиот корона вирус

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека САД имаат план за спречување на корона вирусот, од кој во Кина досега починаа девет, а заразени се над 400 луѓе.

Давос, 22 јануари 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека САД имаат план за спречување на корона вирусот, од кој во Кина досега починаа девет, а заразени се над 400 луѓе.

– Имаме план и сметам дека ќе биде многу добро спроведен. Веќе почнавме. Центарот за контрола на болести е одличен, многу професионален, изјави Трамп на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

Американскиот претседател верува дека во Кина е се под контрола.

Светската здравствена организација денеска на кризниот самит ќе одлучи дали ќе биде прогласена меѓународна здравствена опасност. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close