Svet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп: Размислувам да воведам карантин за Њујорк, Њу Џерси и Конектикат

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека размислува да воведе карантин во државите Њујорк, Њу Џерси и Конектикат за намалување на ширењето на коронавирусот.

Вашингтон, 28 март 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека размислува да воведе карантин во државите Њујорк, Њу Џерси и Конектикат за намалување на ширењето на коронавирусот.

Трамп рече дека размислува за карантин, но истовремено повика и на што побрзо закрепнување на економијата.

– Бројот на заразени во Њујорк надмина 52.000 лица, изјави гувернерот на државата Ендру Куомо. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close