СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Трамп првпат спомена одложување на претседателските избори

Претседателот на САД, Доналд Трамп првпат денеска спомена за можноста за одложување на претседателските избори во ноември, наведувајќи ги ризиците од измама поврзана со гласање по пошта поради епидемијата на коронавирусот.

Вашингтон, 30 јули 2020 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп првпат денеска спомена за можноста за одложување на претседателските избори во ноември, наведувајќи ги ризиците од измама поврзана со гласање по пошта поради епидемијата на коронавирусот.

Трамп напиша на Твитер дека „гласањето по пошта … во 2020 година ќе биде најнеточно и со најголема измама во историјата“.

„Ќе биде голем срам за САД. Одложување на изборите се додека луѓето не можат да гласаат нормално и безбедно ???“, напиша тој.

Според американски медиуми, нема докази за широко распространета измама со гласање по пошта.

Датумите на федералните избори ги одредува Конгресот, а Уставот не предвидува одложување до инаугурацијата на претседателот на 20 јануари 2021 година. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close