Svet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп потпиша уредби за помош на Американците кои ги загубија своите работни места по избувнувањето на пандемијата Ковид 19

- Помошта беше 600 долари неделно и сега ќе изнесува 400 долари. Државите ќе покриваат 25 проценти од трошоците, а федералната влада преостанатите 75 проценти, рече Трамп.

Вашингтон, 9 август 2020 (МИА) –  Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша четири извршни декрети кои обезбедуваат економска помош на милиони Американци кои ги загубија своите работни места по избувнувањето на пандемијата Ковид 19.

На прес-конференцијата  Трамп објави дека, благодарение на декретите, ќе продолжат плаќањата на федерална помош на невработените.

– Помошта беше 600 долари неделно и сега ќе изнесува 400 долари. Државите ќе покриваат 25 проценти од трошоците, а федералната влада преостанатите 75 проценти, рече Трамп.

Прописите исто така овозможуваат прекин на плаќањата за данок на доход за Американците кои заработуваат помалку од 100.000 американски долари годишно. Продолжено е одложувањето на наплатата на студентски заеми, како и мораториумот за иселување на станарите кои не можат да плаќаат наемнина.

Претседателот ги обвини демократите во Конгрес дека вклучуваат елементи кои не се поврзани со пандемијата во законот за економска помош. зш/

Back to top button
Close
Close