0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир за 2021 година.

Вашингтон, 9 септември 2020 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир за 2021 година.

„Дејли Меил“ информира дека Трамп бил номиниран само неколку недели откако посредувал во постигнувањето договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Трамп го номинирал норвешкиот пратеник Кристијан Тибринг-Гједе, кој го пофали американскиот претседател за неговите напори во решавање на конфликтите во светот.

Тој оцени дека Трамп направил повеќе за да постигне мир меѓу државите отколку повеќето други кандидати за наградата за мир.

Тибринг-Гједе, кој е и претседател на норвешката делегација во Парламентарното собрание на НАТО, рече дека администрацијата на Трамп имала клучна улога во воспоставувањето односи меѓу ОАЕ и Израел. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close