Svet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп: Не планирам да ги повлечам САД од НАТО

Американскио претседател Доналд Трамп во интервју за Вашингтон пост и телевизијата Фокс изјави дека не планира да ги повлече САД од НАТО

Вашингтон, 11 јули 2020 (МИА) – Американскио претседател Доналд Трамп во интервју за Вашингтон пост и телевизијата Фокс изјави дека не планира да ги повлече САД од НАТО.

– Не јас не сакам излегување од НАТО. Но, сакам (другите земји-членки) да го плаќаат својот дел, истакна Трамп.

Тој додаде дека осум земји-членки издвојуваат два проценти од бруто домашниот производ за Алијансата.

– Но, всушност два процента се многу малку… Има такви кои речиси ништо не плаќаа, а сега плаќаат. И тие ме прашаа дали би се повлекле… И јас одговорив: Да. Ако не дадов таков одговор, тие немаа да плаќаат, истакна Трамп. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close