Svet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп најавува трговски договор со ЕУ до ноември

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Давос изрази очекување дека САД ќе склучи трговски договор до претседателските избори во неговата земја, во ноември. 

Давос, 22 јануари 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Давос изрази очекување дека САД ќе склучи трговски договор до претседателските избори во неговата земја, во ноември.

– Почнуваме преговори, рече Трамп, повторувајќи ја неговата оценка дека со минатиот договор САД биле третирани „ужасно неправедно“.

– САД изгубија 150 милијарди долари и повеќе во текот на изминатите години поради Европската унија, смета Трамп. – Тие имаат трговски бариери зад кои не може да се тргува. Тие имаат давачки насекаде. Тие прават невозможни нешта. Искрено, потешко е да се прави бизнис со нив, отколку со Кина. Сè што треба да направите е да го прашате Борис (британскиот премиер Џонсон), истакна Трамп.

Тој уште посочи дека има „ужасни односи“ со Светската трговска организација и најави потег, кој според него „ќе биде многу драматичен“. ссм/

 

Таг
Back to top button
Close
Close