Svet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп најави самостојно производство на поголеми количества медицинска опрема

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД сами ќе произведат големи количества од респиратори, заштитни маски и друга медицинска опрема во случај на идни закани по здравјето.

Вашингтон, 15 мај 2020 (МИА)  – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД сами ќе произведат големи количества од респиратори, заштитни маски и друга медицинска опрема во случај на идни закани по здравјето.

За време на посетата на Центарот за дистрибуција на медицинска опрема во Пенсилванија Трамп кажа администрацијата нарачала речиси 200.000 респиратори и 800.000 заштитни маски N95, јавуваат американските медиуми.

Трамп соопшти дека негова цел е Америка сама да произведе се што и е потребно, а потоа и да извезува опрема, вклучувајќи и лекови. сд/

Back to top button
Close
Close