0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп најави нови економски санкции за Иран поради нападите врз бази во Ирак каде има американски војници (видео)

Американскиот претседател Доналд Трамп најави денеска нови економски санкции против Иран по иранскиот ракетен напад врз бази во Ирак каде се сместени американски војници.

Вашингтон, 8 јануари 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп најави денеска нови економски санкции против Иран по иранскиот ракетен напад врз бази во Ирак каде се сместени американски војници.

– Во одговор на иранската агресија, САД итно воведуваат дополнителни економски санкции за иранскиот режим, нагласи Трамп. Американскиот претседател имаше денеска посебна изјава од Белата куќа.

– Како одговор на иранската агресија, САД веднаш ќе воведат дополнителни економски санкции за иранскиот режим. Рацете на Сулејмани беа натопени во крв, и од Американците и од Иранците. Требаше да се отстрани многу одамна. САД веднаш ќе наметнат дополнителни казнени санкции на иранскиот режим. Тие ќе останат додека Иран не ја промени своето однесување. Долго време, државите го толерираа деструктивното и дестабилизирачко однесување на Иран – тие денови завршија, беше категоричен Трамп.

Американскиот претседател  додаде дека додека е шеф на државата, тој нема да дозволи Техеран да има нуклеарно оружје.

Трамп рече дека имало минимална штета и нема американски или ирачки жртви во денешните ирански напади врз бази во Ирак каде се сместени и американски војници. Според него, жртвите биле избегнати преку системот за рано предупредување.

-Вашата кампања на терор повеќе нема да се толерира, му се обрати тој на иранскиот режим, кој според американскиот лидер е „водечки спонзор на тероризам што го загрозува цивилизираниот свет“.

– Иран мора да се откаже од своите нуклеарни амбиции и да стави крај на поддршката за тероризам, инсистираше Трамп, нарекувајќи го иранскиот генерал Касим Сулејмани убиен од САД како „врвен терорист“.

-САД не сакаат да ја искористат својата воена моќ, економската сила е најдобриот метод за спречување, рече претседателот.

Според него, американските сили се подготвени за се, но засега се чини дека Иран се повлекува.

– Изгледа дека Иран се повлекува, што е добро за сите страни и многу добра работа за светот, рече Трамп.

Тој рече дека откако го презеде функцијата претседател, САД станале енергетски независни.

– Ние сме првиот производител на нафта и природен гас во светот. Ние сме независни и немаме потреба од нафта од Блискиот исток“, рече тој.

Трамп ги повика Велика Британија, Кина, Германија, Франција и Русија да работат на нов договор со Иран. Исто така тој најави дека од НАТО ќе побара поактивно учество во актуелните процеси на Бликсиот исток.

По 10-минутното обраќање, Трамп не одговори на прашања на новинарите, но испрати порака до иранските граѓани, посакувајќи им светла иднина.

– Ние сакаме да имате светла иднина што ја заслужувате. Просперитет дома и хармонија со нациите на светот. САД се подготвени да прифатат мир со секој што го бара тоа, рече на крајот Трамп. зш/

Back to top button
Close
Close