СветСвет.Портал

Трамп најави дополнување на листата за забрането патување во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнување на листата со земји чии државјани имаат забрана за патување во САД или имаат големи рестрикции за влез.

Давос, 22 јануари 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнување на листата со земји чии државјани имаат забрана за патување во САД или имаат големи рестрикции за влез.

Трамп изјави дека неговата администрација е подготвена да додаде „неколку држави“ на спорната листа со земји чии државјани имаат забрана за патување во САД или кои имаат големи рестрикции за влез во Америка.

– Ќе додадеме неколку земји на таа листа. Треба да останеме безбедни. Нашата земја треба да биде безбедна, истакна Трамп на маргините на Светскиот економски форум во Давос, нагласувајќи дека имињата на тие држави „многу брзо“ ќе бидат објавени.

„Волстрит џурнал“ пишува денеска дека администрацијата на Трамп е подготвена да додаде седум африкански и азиски земји на списокот, меѓу кои се наоѓа и Нигерија. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close