0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп му ја честиташе убедливата победа на Џонсон на изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на британскјиот премир Борис Џонсон му ја честиташе убедливата победа на изборите.

Вашингтон, 13 декември 2019 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на британскјиот премир Борис Џонсон му ја честиташе убедливата победа на изборите.

„Честитки за Борис Џонсон на големата ПОБЕДА!“, напиша Трамп на Твитер.

Трамп наведе дека Велика Британија и САД сега ќе можат да постигнат нов трговски договор по Брегзит.

„Тој договор има потенцијал да биде многу поголем и повносен од било каков договор што може да биде постигнат со ЕУ“, истакна Трамп.

Американските медиуми напоменуваат дека Европската унија во моментов е најголем тгровски партнер на Велика Британија. сд/

 

Back to top button
Close
Close