Svet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп: Коронавирусот е под контрола колку што е тоа можно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ширењето на коронавирусот во САД е под контрола „колку што е тоа можно“.

Вашингтон, 5 август 2020 (МИА)Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ширењето на коронавирусот во САД е под контрола „колку што е тоа можно“.

„Луѓето умираат, тоа е вистина. Така е како што е. Но, тоа не значи дека не правиме сè што можеме. Тој е под контрола колку што може да се контролира. Ова е ужасна чума“, рече Трамп во интервју за веб-страницата „Акиос“.

Како што пренесуваат странските агенции, Трамп во објава на Твитер продолжил да врши притисок врз училиштата повторно да се отворат и го бранел одговорот на неговата администрација на вирусот.

Во САД од Ковид-19 починаа најмалку 155.000 луѓе. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close