СветСвет.Портал

Трамп им вети на фармерите дополнителни 13 милијарди долари помош

За време на митинг во Висконсин, Трамп рече дека Владата ќе обезбеди 13 милијарди долари како помош за нив.

Вашингтон, 18 септември 2020 (МИА) –  Американскиот претседател Доналд Трамп вети дополнителна помош од десетици милијарди долари за помош на фармерите чии бизниси се погодени од пандемијата.

За време на митинг во Висконсин, Трамп рече дека Владата ќе обезбеди 13 милијарди долари како помош за нив.

– Горд сум што можам да кажам дека правам повеќе за поддршка на фармерите во Висконсин, рече Трамп.

– Од следната недела, администрацијата ќе обезбеди дополнителни 13 милијарди долари за да им помогне на фармерите да се опорават од кинескиот вирус.

Трамп не даде повеќе детали.

Во април, Трамп и американскиот секретар за земјоделство Сони Пердју одобрија финансирање во вредност од околу 19 милијарди долари. Според „Политико“, помошта за земјоделците се зголеми од 11,5 милијарди долари во 2017 година на повеќе од 32 милијарди долари оваа година. зш/

Back to top button
Close
Close