СветСвет.Портал

Трамп и Нетанјаху разговарале за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за Иран и други прашања, соопшти Белата куќа.

Вашингтон, 2 декември 2019 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за Иран и други прашања, соопшти Белата куќа.

– Лидерите разговараа за заканата што ја претставува Иран, како и за други критични билатерални и регионални прашања, се вели во соопштението.

Односите меѓу Иран и САД се влошуваат од минатата година кога Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор на Техеран со светските сили од 2015 година и воведе санкции против земјата. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close