0_Web_АктуелноSvet.SlajderДописници СветСветСвет.Портал

Трамп го претстави мировниот план за израелско-палестинскиот конфликт

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го претстави блискоисточниот мировен план што неговата администрација го разработи со цел регулирање на конфликтот меѓу Израел и Палестина.

Вашингтон, 28 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го претстави блискоисточниот мировен план што неговата администрација го разработи со цел регулирање на конфликтот меѓу Израел и Палестина.

Во заеднички настап со израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху во Белата куќа, Трамп изјави дека „Израел денеска прави голем чекор на патот кон мир“.

Тој истакна дека е задоволен со постигањата на државата Израел и стремежот да не се повторат трагичните страни од историјата на еврејскиот народ.

-Сите во Израел сакаат мир, изјави Трамп.

Според планот на администрацијата, Ерусалим останува неделлива престолнина на Израел. Додека на Палестинците им се дава историска шанса да создадат независна држава.

Говорејќи за судбината на Палестина, претседателот истакна дека станува збор за декади на неисполнети ветувања. Тој спомна дека САД издвоиле 50 милијарди долари помош за потребите на идната палестинска држава.

Од тој аспект, ја истакна важноста на борбата со сиромаштијата како еден од аспектите на палестинскиот проблем. Но и неопходноста да се запрат терористичките организации и да се надмине омразата кон Израел во регионот.

Ја истакна и тешката состојба на младите на Блиски исток, кои, според него, влегуваат во живот без надеж, и САД имаат намера да се исправи состојбата на овој план.

-Дојдено е време да се исправат грешките направени од арапските земји во 1948 година и да го признаат Израел, наместо да го напаѓаат, заклучи Трамп.

Сепак, планот за регулирање на израелско-палестинскиот конфликт претхдно беше отфрлен од Палестинците.

Според планот, границите на Израел се очекува да се прошират со сувереитет над Јорданската долина. За ветените 50 милијарди долари, од Палестинците се бара да се разоружат и да го признаат Израел.

Според познавачите, претставувањето на планот има неколку цели, а најважната е подобување на разнишаната позиција на Нетанјаху дома, против кого тамошното обвинителство покрена кривично дело за корупција.

Во својот настап, Нетанјаху изрази благодарност до Трамп и неговата администрација за реализиација на мировниот план.

Тој упати подршка за акциите на САД на Блискиот исток, вклучувајќи ги мерките за запирање на Иран и посебно акцијата со убиството на иранскиот генерал Касем Сулјемнаи. кб/сд/

Back to top button
Close
Close