СветСвет.Портал

Трамп го предупреди Ердоган за „надворешна интервенција“ во Либија

Претседателот на САД Доналд Трамп го предупреди турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган за каква било „надворешна интервенција“ во Либија, соопшти Белата куќа, откако турските пратеници гласаа за испраќање војска за поддршка на владата во Триполи.

Вашингтон, 2 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на САД Доналд Трамп го предупреди турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган за каква било „надворешна интервенција“ во Либија, соопшти Белата куќа, откако турските пратеници гласаа за испраќање војска за поддршка на владата во Триполи.

– Во телефонскиот разговор со Ердоган, Трамп посочи дека „странска интервенција ќе ја комплицира ситуацијата во Либија“, изјави портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли.
Владата во Триполи е изложена на напади од воениот генерал Калифа Хафтар, кој е поддржан од регионалните ривали на Турција – Саудиска Арабија, Египет и Обединетите Арапски Емирати.
Ердоган постојано ја обвинува Русија дека испраќа платеници како поддршка на силите на Хафтар, иако Москва го негираше тоа. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close