Svet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп ги разгледува референците на пет жени за испразнетото место на судија на Врховниот суд

Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека внимателно ги разгледува референците на пет жени за номинацијата за пополнување на испразнетата позиција во Врховниот суд на САД, по смртта на судијката Рут Бадер Гинзбург.

Вашингтон, 22 септември 2020 (МИА) – Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека внимателно ги разгледува референците на пет жени за номинацијата за пополнување на испразнетата позиција во Врховниот суд на САД, по смртта на судијката Рут Бадер Гинзбург.

Тој кажа дека одлуката ќе ја донесе веројатно во петок или сабота. Трамп додаде дека верува дека сенаторите имаат доволно време да го оценат назначениот судија и да гласаат пред претседателските избори на 3 ноември. Тој рече дека тоа ќе испрати порака за солидарност и дека самиот има обврска да го стори тоа.

Демократите соопштија дека републиканците треба да го следат преседанот што го создадоа во 2016 година кога тогашниот лидер на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, одби да постапи по номинацијата на тогашниот претседател Барак Обама, велејќи дека не може да бара изјаснување за судија во изборна година. Обама тогаш го назначи Мерик Гарланд за наследник на покојната судијка Антонина Скалија.

Претседателските избори во САД ќе се оддржат за 43 дена.

Трамп рече дека гласачите ги ставаат републиканските сенатори во позиција да направат избор поради „одредена идеологија“ и дека за нив би било политички лошо да чекаат да гласаат за пополнување на местото во Врховниот суд. Судиите во Врховниот суд на САД се избираат доживотно. сд/

Back to top button
Close
Close