СветСвет.Портал

Трамп: Ќе се вратиме посилни по пандемијата

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе се вратат посилни по завршување на пандемијата на коронавирусот.

Вашингтон, 19 март (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе се вратат посилни по завршување на пандемијата на коронавирусот.

– Ќе се вратиме посилни од претходно, рече Трамп.

Тој истакна дека е потребно да се отстранат непотребните бирократски бариери и процедури за забрзување на процесот за пронаоѓање вакцина против коронавирусот.

Трамп потсети дека во САД во тек е експеримент на тој план.

Бројот на заразени од коронавирусот во САД достигна 10.000 лица. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close