Svet.SlajderСветСвет.Портал

Трамп бара од Сенатот да не усвојува резолуција за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Сенатот да не усвојува резолуција со која би се ограничила неговата способност да води војна против Иран.

Вашингтон, 12 февруари 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Сенатот да не усвојува резолуција со која би се ограничила неговата способност да води војна против Иран.

„За безбедноста на нашата земја многу е важно Сенатот на САД да не гласа за резолуција за воени овластувања за Иран“, напиша Трамп на Твитер.

„Со Иран ни оди добро и не е време да се покажува слабост“, оцени Трамп, дополнувајќи дека усвојувањето таква резолуција ќе испрати многу лош сигнал и ќе му овозможи на Техеран да дејствува неказнето.

Демократската партија соопшти минатиот месец дека имаат доволно гласови за изгласување мерки во Сенатот, каде мнозинство се републиканци, што ќе значат дека претседателот би морал да бара одобрение од Конгресот за воена акција против Иран. ссм/

 

Back to top button
Close
Close