СветСвет.Портал

Трамп: Јас сум најдобар за црнечкото население од Линколн

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изјави дека тој направил повеќе за црнечката заедница во САД од кој било претседател со „можен исклучок на друг републикански претседател, покојниот, голем, Абрахам Линколн“.

Вашингтон, 3 јуни 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изјави дека тој направил повеќе за црнечката заедница во САД од кој било претседател со „можен исклучок на друг републикански претседател, покојниот, голем, Абрахам Линколн“.

Трамп оцени дека тој направил повеќе за црната популација отколку што неговиот веројатен политички опонент на претседателските избори од Демократската партија Џо Бајден што направил за 43 години, јави Би Би Си.

Бајден го критикуваше Трамп дека ја искористил кризата за да им се допадне на своите приврзаници, велејќи дека тој „служи на страстите на неговата база“. ссм/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close