Некатегоризирано

Трамп: Ако нема договор со ЕУ, ќе воведеме царини на европските автомобили

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно и  се закани на Европската унија, велејќи дека доколку не се постигне договор меѓу САД и ЕУ, Вашингтон ќе наметне царини од 25 проценти на увозот на автомобили од Европа.

Вашингтон, 22 јануари 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп повторно и  се закани на Европската унија, велејќи дека доколку не се постигне договор меѓу САД и ЕУ, Вашингтон ќе наметне царини од 25 проценти на увозот на автомобили од Европа.

– Потешко е да се преговара со Европската унија отколку со некој друг. Тие ја користат нашата земја со години, изјави Трамп за „Фокс њуз“ во Давос, каде се одржува Светскиот економски форум. Тој ја повтори својата закана за царините.

– На крајот, ќе биде многу лесно, бидејќи ако не можеме да постигнеме договор, ќе мора да ставиме 25 проценти царини на нивните автомобили, рече тој.

Претходно, американскиот министер за финансии Стивен Мнучин предупреди дека Вашингтон ќе наметне тарифи за увозот на автомобили од ЕУ, ако Европејците продолжат да инсистираат на предложениот дигитален данок, насочувајќи се претежно на американските технолошки гиганти како Гугл, Ејпл, Фејсбук и Амазон.

– Доколку сакаат произволно да наметнат даноци на нашите дигитални компании, ние ќе ги разгледаме и произволните царини на нивните автомобилски компании, рече Мнучин на форумот во Давос. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close