СветСвет.Портал

Трамп ја критикуваше „Фокс њуз“: Време е да најдам нов медиум

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер го критикуваше известувањето на „Фокс њуз“, телевизиска станица за која се верува дека му е наклонета, и беше клучна за неговата победа на изборите во 2016 година.

Вашингтон, 19 мај 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер го критикуваше известувањето на „Фокс њуз“, телевизиска станица за која се верува дека му е наклонета, и беше клучна за неговата победа на изборите во 2016 година.

Трамп се осврна на известувањето на телевизијата, откако рече дека повеќе од една недела користи хидроксихлорокин, лек против маларија, со цел да спречи зараза со коронавирусот.

Тој оцени дека на „Фокс њуз“ има се повеќе и повеќе новинари против него и оти на телевизијата очигледно и недостига поранешниот директор Роџер Ејлс, инаку пријател на Трамп, кој беше отпуштен од работа пред три години, по што набргу и почина.

– Фокс њуз повеќе не е ист. Ни недостасува големиот Роџер Ејлс. Имате повеќе новинари против Трамп од кога било досега. Барам нов медиум за обраќање, напиша Трамп.

По изјавата на Трамп дека зема хидроксихлорокин, Фок Њуз во емисија на Нил Кавута ги предупреди гледачите дека е ризично да се земе хидроксихлорокин.

– Ако сте во високо ризична популација и земате хидроксихлорокин како превентива, тоа може да ве убие. Не можам доволно да нагласам. Тоа може да ве убие, рече Кавуто во емисијата. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close