0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Тракторист загинал во Неготино

Тракторист загинал вчера  во Неготино, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Неготино, 24 февруари 2021 (МИА) –  Тракторист загинал вчера  во Неготино, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-На патниот правец Неготино -село Курија се случила сообраќајна незгода во која Т.Е.(75) од Неготино, управувајќи трактор „ИМТ-539“, со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и од здобиените повреди,  починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош,  изјави Додевски.

Увид извршиле јавен  обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино.свд/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close