0_Спорт.ПорталФудбал

Трагедија во Англија: Почина 25-годишен фудбалер

Џордан Синот (25) е најновата жртва со смртни последици на фудбалските терени. 

Метлок, 25 јануари 2020 (МИА) – Џордан Синот (25) е најновата жртва со смртни последици на фудбалските терени.
Синот играше за англискиот нисколигаш Метлок таун, како позајмен играч од Алфретон таун, а кариерата ја започна во Хадерсфилд. Во меѓувреме настапуваше за Алтринхам, Бери, Халифакс и Честерфилд
– Добивме страшна вест за нашиот поранешен фудбалер Џордан Синот. Не е познато под какви околности настапила смртта и нема да даваме коментари од почит кон семејството на Џордан, се вели во соопштението на Халифакс, кој прв се огласи по повод трагичниот настан. сѓд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close