0_Македонија.ПорталКултураКултура.Портал

Традиционална поетска манифестација „Празник на липите“ 2020

Традиционалната поетска манифестација „Празник на липите“ во организација на Друштвото на писатели на Македонија, ќе се одржи денеска на Платото пред Младинскиот културен центар, согласно протоколите за организирање културен настан во услови на пандемија.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Традиционалната поетска манифестација „Празник на липите“ во организација на Друштвото на писатели на Македонија, ќе се одржи денеска на Платото пред Младинскиот културен центар, согласно протоколите за организирање културен настан во услови на пандемија.

На свеченоста ќе биде врачена наградата „Книжевен жезол 2020“ на македонскиот поет Михаил Ренџов, а ќе биде прочитано и писмото од странскиот добитник на жезолот, словачкиот поет Мирослав Биелик, кој поради пандемијата не беше во можност да допатува.

Со стихови од своите најнови стихозбирки, како што најавуваат организаторите, ќе се претстават поетите Христо Петрески, Пајо Авировиќ и Сузана В. Спасовска, а потоа ќе настапат поетите кои учествуваа на конкурсот за најдобра песна на манифестацијата оваа година.

Присутните ќе имаат можност да добијат примерок од збирката поезија од двајцата лауреати специјално подготвена за оваа пригода.

Манифестацијата се реализира со поддршка од Министерството за култура и под покровителство на Град Скопје. аа/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close