Дописници МКДОпштински вести

Традиционален планинарски марш „Голак 2020″ во Делчево

Во Делчево се одржа традиционалниот планинарски марш „Голак 2020". Маршот се одржа во организација на планинарски-спортски клуб „Голак“, чиј претседател Љупчо Чучуковски информираше дека истиот се организира по повод 7 Септември, Ден на ослободувањето на Делчево.

Делчево, 6 септември 2020 (МИА) – Во Делчево се одржа традиционалниот планинарски марш „Голак 2020″. Маршот се одржа во организација на планинарски-спортски клуб „Голак“, чиј претседател Љупчо Чучуковски информираше дека истиот се организира по повод 7 Септември, Ден на ослободувањето на Делчево.

-Маршот се реализираше во вкупна должина од 22 километри во двата правци со стартна точка во Делчево до врвот Мала Чавка и назад. На маршот учествуваа учесници од Скопје, Велес, Штип, Радовиш и градот домаќин Делчево, рече Чучуковски.

Посочи дека истиот се реализирал согласно препораките на Комисијата за заразни болести за организирање вакви настани.

-Според најновите протоколите на планинарски маршеви во услови на пандемија е дозволено да учествуваат најмногу 60 учесници. Ние денеска бевме 32 члена екипа од гореспоменатите градови и без проблеми по убаво сончево време ја реализиравме планинарската маршрута, додаде Чучуковски.

Традиционалниот планинарски марш делчевскиот клуб го организира со поддршка на Федерацијата на планинарски спортови, а во соработка со општина Делчево. вс/рп/

Back to top button
Close
Close