0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Трајковски од НСДП ги претстави програмските определби на партијата во делот на екологијата

Скопје, 6 јули 2020

Скопје, 6 јули 2020

НСДП ќе се залага за приклучување кон светските напори за намалување на искористувањето на цврсти и фосилни горива. Еден од приоритетите е финансиска поддршка на јавните и приватните објекти да извршат замена на постоечките нееколошки системи за греење со технологии засновани на природни извори на енергија, како и технологии за зголемена енергетска ефикасност на самите објект. Државните установи и институции сметаме дека први треба да го направат овој еколошки исчекор.

Правото на чист воздух е едно од најважните и сигурни сме дека може да се оствари преку низа мерки меѓу кои: изградба на инфраструктура за централно греење во секој град, стимулирање на производство на струја од соларна енергија.

Нема дилеми околу потребата за обезбедување здрава вода за сите, но претходно езерата и реките мора да се исчистат од хемикалии и пестициди кои несовесно се истураат во нив. Се залагаме за зачувување на слатководниот жив свет на природните езера со одредување заштитни зони, за искористување на подземните води за наводнување за земјоделските полиња и градското зеленило. Неопходно е да ставиме крај на дивите депонии, да воведеме систем на примарна селекција на отпадот, да го забраниме користењето на отпадот за суровина и енергенси. Да станеме одговорни кон животната средина, а со тоа и кон самите себе.

Дајте ни можност да го реализираме сето ова и на 15 јули гласајте за Коалицијата „Можеме“ и Нова социјалдемократска партија.

Владимир Трајкоски, портпарол на Централен изборен штаб на НСДП

___________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close