Дописници МКДОпштински вести

Трајковски: 2020-та година на инфраструктурата во Делчево

Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски на денешната прес-конференција информираше дека во Делчево, 2020 година ќе биде година на инфраструктурна офанзива со која се решаваат децениски проблеми на граѓаните. Во овие цели, како што изјави, Општина Делчево ќе добие значајна и конкретна поддршка од Владата на РСМ.

Делчево, 14 јануари 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски на денешната прес-конференција информираше дека во Делчево, 2020 година ќе биде година на инфраструктурна офанзива со која се решаваат децениски проблеми на граѓаните. Во овие цели, како што изјави, Општина Делчево ќе добие значајна и конкретна поддршка од Владата на РСМ.

– Работиме плански и одговорно и создаваме услови за реализација на проекти кои значат подобар квалитет на животот на граѓаните. На стартот од оваа година, Делчево од Владата на РСМ преку Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, а во рамките на Проектот за поврзување локални патишта, за Делчево издвои 790 илјади евра или околу 49 милиони денари што се случува за прв пат во историјата на градот да се алоцираат толку средства за патна инфраструктура, истакна Трајковски.

Тој потенцираше дека во тековната година ќе се работи по приоритети.
– Добро ги знаеме проблемите на граѓаните, дел од овие проблеми ги решававме во претходниот период, но во дел од населбите и во 21 век се гази по кал и се живее во прашина. Оваа слика мора да ја промениме и ќе ја промениме, само со планско и одговорно работење и со серизона поддршка и грижа од Владата. Следува изградба и реконструкција на улици во градот и во останатите населени места во Општината, односно ќе интервенираме секаде каде што има потреба, рече Трајковски.
Освен овие средства од Владата, Трајковски најави и дека Општина Делчево ќе издвои 12 милиони денари од сопствениот Буџет за изградба и реконструкција на локалната патна инфраструктура, тендерот ќе биде распишан на почетокот од февруари месец.
Исто така, нагласи дека е во тек тендерот, со кој се бара најповолен понудувач за реализација на Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка со подзаем во износ од 32 милиони 252 илјади денари за реконструкција на три улици во градот, две постојни и една земјена улица.
– Станува збор за улиците „Маршал Тито“, на потегот од касарната до Таушанско маало во должина од 743 метри, потоа улицата „Вера Јоциќ“ над гимназијата „М.М.Брицо“ во должина од 599 метри и улица 7 во населба СРЦ, каде ќе се гради комплетно нова улица во должина од 290 метри, дополни Трајковски.
Долгонајавувамата градинка во село Разловци како што додаде делчевскиот градоначалник ќе биде изградена за 10 месеци.
– Во оваа прилика сакам да истакнам дека на крајот од минатата година со министерката Царовска потпишавме Договор за градежни активности и адаптација на дел од училишната зграда во с. Разловци за отворање детска градинка и набавка и монтажа на опрема за градинката, дополни Трајковски.
Проектот треба да се реализира за 10 месеци, а инвестицијата од Министерството за труд и социјална политика изнесува 4,2 милиони денари. Капацитетот на градинката е планиран за престој на 20 деца. вс/нд/

Back to top button
Close
Close