БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Товарен брод под либериско знаме побарал помош во близина на грчкиот остров Лезбос

Поради проблем со моторот, товарен брод под либериско знаме плови без контрола во морскиот дел меѓу грчките острови Лезбос и Скирос, а успешно биле спасени членовите на екипажот, објавија грчките медиуми.

Атина, 4 декември 2019 (МИА) – Поради проблем со моторот, товарен брод под либериско знаме плови без контрола во морскиот дел меѓу грчките острови Лезбос и Скирос, а успешно биле спасени членовите на екипажот, објавија грчките медиуми.

Според истите информации, 14-те членови на екипажот побарале помош од грчките власти за да го напуштат бродот што поради големината и тежината на товарот се навалил од едната страна, јави дописничката на МИА од Атина.

Со хеликоптери „Супер пума“ на грчкото воено воздухопловство биле спасени сите 14 лица и пренесени на островот Скирос.

Во морскиот дел, каде што е бродот, се наоѓаат бродови и чамци на крајбрежната служба и на воената морнарица на Грција како и два хеликоптери. ср/ссм/

Таг
Back to top button
Close
Close