0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Тото Волф – за самоизолацијата: Изгледа дека започнав нов живот

Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, зборуваше за тоа како се справува со животот во самоизолирачки режим поради пандемијата на коронавирус.

Лондон, 20 април 2020 (МИА) – Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, зборуваше за тоа како се справува со животот во самоизолирачки режим поради пандемијата на коронавирус.

– Имам проблеми со режимот на изолација. Како да започна мојот нов живот. Се појави многу слободно време. Често сум со телефонски повици. Сè е во ред, но животот малку се смени. Во таква ситуација, вие почнувате да ги цените малите радости. На пример, фактот дека можете да прошетате, ако е дозволено. Можете да поминете време со семејството и да не трчате во канцеларијата секое утро. И, исто така, ми се чини дека откако ќе заврши карантинот, луѓето ќе станат посилни, нивниот став кон животот ќе се промени и нивните вредности ќе се променат, изјави Волф.

Новата сезона во Формула 1 требаше одамна да почне, но поради пандемијата, неизвесен е нејзиниот страт и бројот на трки. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close