0_Спорт.ПорталФудбал

Тотенхем стапи во контакт со Гасперини

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини е еден од кандидатите за предводник на Тотенхем.

Лондон, 6 мај 2021 (МИА) – Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини е еден од кандидатите за предводник на Тотенхем.

Лондонскиот клуб веќе стапил во контакт со 63-годишниотфудбалски стручњак, пренесува „Sky Sport Deutschland“.

Претходно беше објавено дека Тотенхем е во разговори со поранешниот тренер на Челзи и Јувентус, Маурицио Сари.

Исто така, клубот беше поврзан со поранешниот тренер на Лајпциг, Ралф Рангник и Ерик Тен Хаг, кој работи за Ајакс и пред неколку дена го обнови договорот со клубот.

Тотенхем е шести во поредокот во Премиер лигата.

Клубот е во потрага по нов тренер, по отказот на Жозе Мурињо доделен пред дваесетина дена. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close