0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Тотенхем се пласира во финале по нов голем пресврт во ЛШ

Англичаните избришаа два гола негатива за едно полувреме и создадоа уште еден неверојатен пресврт оваа сезона на турнирот! Во директен спор за трофејот, лондонскиот тим ќе се сретне со Ливерпул на 1 јуни на стадионот „Ванда Митрополитано“ во Мадрид.

Амстердам, 8 мај 2019 (МИА) – Првпат во својата историја, Тотенхем се пласира во финалето во Лигата на шампионите, откако стигна до победа со 3:2 како гостин над Ајакс со гол во 95-тата минута, дело на Лукас Моура!

Англичаните избришаа два гола негатива за едно полувреме и создадоа уште еден неверојатен пресврт оваа сезона на турнирот! Во директен спор за трофејот, лондонскиот тим ќе се сретне со Ливерпул на 1 јуни на стадионот „Ванда Митрополитано“ во Мадрид.

Ајакс и Тотенхем направија одлично шоу, а во првото полувреме домаќините господареа на теренот и поведоа уште во 5-тата минута преку капитенот Матис де Лихт. Половина час подоцна Хаким Зиеш ја удвои предноста на Ајакс и сè во судирот изгледаше решено.

Оваа сезона сепак за ништо не може да се каже дека е сигурно и во рок од 4 минути по одморот Тотенхем изедначи. И двата гола беа дело на Лукас Моура (55, 59), а до крајот имаше неколку инфарктни моменти и погодени пречки и греди од двете страни на теренот. Најинфарктниот момент се случи во 95-тата минута, кога Моура го оформи својот „хет-трик“ и ги рангира „петлите“ за финалето!вз

Таг
Back to top button
Close
Close