0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Тотенхем и Манчестер јунајтед ремизираа

Во 30-то коло од Англиското фудбалско првенство Тотенхем на домашен терен вечерва одигра нерешено 1:1 со Манчестер јунајтед.

Лондон, 19 јуни 2020 (МИА) – Во 30-то коло од Англиското фудбалско првенство Тотенхем на домашен терен вечерва одигра нерешено 1:1 со Манчестер јунајтед.

Избраниците на Жозе Мурињо поведоа преку Стивен Бергвин во 27. минута, а Бруно Фернандеш изедначи во 81. минута.

Во самиот финиш беше досуден удар од 11 метри за Манчестер, но по прегледување на снимката со помош на ВАР технологијата, пеналот беше поништен.

Тимовите останаа на оние места на табелата во Премиер лигата што ги имаа пред натпреварот, Манчестер јунајтед – петто, Тотенхем – осмо. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close