0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

Тотенхем го совлада Манчестер сити, Мурињо втор пат по ред поуспешен од Гвардиола

Тотенхем го победи Манчестер сити вечерва во Лондон со 2:0 во дербито на 9. коло од англиската Премиер лига.

Лондон, 21 ноември 2020 (МИА) – Тотенхем го победи Манчестер сити вечерва во Лондон со 2:0 во дербито на 9. коло од англиската Премиер лига.

Со новите три бода „Спарс“ имаат вкупно 20 и избија на чело на табелата каде ќе бидат барем до утре.

Дуелот на стадионот на Тотенхем беше интересен и по тренерската пресметка меѓу лутите ривали Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола. За Португалецот ова е втора победа по ред, претходно со истиот резултат славеше на 2 февруари.

Во 24 меѓусебни пресметки Мурињо има седум победи, додека Гвардиола остана на 11. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close