0_Спорт.ПорталФудбал

Тотенхем го продолжи договорот со Сон до 2025 година

Премиерлигашот Тотенхем денес објави продолжување на договорот со напаѓачот Сон Хеунг Мин.

Лондон, 23 јули 2021 (МИА) – Премиерлигашот Тотенхем денес објави продолжување на договорот со напаѓачот Сон Хеунг Мин.

Новиот договор со 29-годишниот фудбалер од Јужна Кореја е со важност до крајот на јуни 2025 година.

Сон е член на Тотенхем од летото 2015 година. Во сезоната 2020/21, напаѓачот одигра 51 натпревар за Спарс, постигна 22 гола и 17 асистенции.

На 18 јули беше објавено дека напаѓачот ќе добие 12 милиони евра годишно според новиот договор. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close