0_Спорт.ПорталФудбал

Тотенхем го проценува Кејн на 150 милиони фунти

Премиерлигашот Тотенхем ја одреди цената за клубовите кои сакаат да го купат напаѓачот Хари Кејн. Спарс го проценува 27-годишниот играч на 150 милиони фунти, објави „Дејли меил“.

Лондон, 18 февруари 2021 (МИА) – Премиерлигашот Тотенхем ја одреди цената за клубовите кои сакаат да го купат напаѓачот Хари Кејн. Спарс го проценува 27-годишниот играч на 150 милиони фунти, објави „Дејли меил“.

Тотенхем сè уште не сака да го продаде Кејн, но поради финансиската состојба и потребата од отплата на заемот за стадионот, позицијата на клубот може да се промени.

Се тврди дека интерес за фудбалерот пројавуваат Манчестер јунајтед и Манчестер сити, кои сакаат да купат нов напаѓач на лето.

Кејн оваа сезона постигна 13 голови и 11 асистенции на 21 натпревар во Премиер лигата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close